Во Охрид е во тек гласањето на вториот круг од Локалните избори 2021 година.
Во Охрид е во тек гласањето на вториот круг од Локалните избори 2021 година.
Според последните податоци од ДИК, од обработени податоци од 79 од 88 избирачки места, во Охрид до 11 часот на гласање излегле 8 357 граѓани или 17,67 %.
Струга – 6 285 или 10,24 %
Вевчани – 648 или 31,24 %
Дебрца – 819 или 18,84 %
Охриѓани гласаат по осми пат за избор на Локална власт, а може да направат избор меѓу двајца кандидати за градоначалник, Кирил Пецаков од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ и Константин Георгиески од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“.
Има измени на локациите на две избирачки места. Гласачкото место 1255/1 кое што беше сместено во просториите на Територијалната противпожарна единица, во овој изборен циклус запишаните избирачи ќе гласаат во просториите на ОУ „Братство Единство“. Има и една суштинска промена на гласачкото место 1271, бидејќи бројката на запишани избирачи надминува 1.200. Во насока на почитување на ковид протоколите, гласачите од цела улица „Лазо Трпоски“ сега своето право на глас ќе го остварат на избирачкото место 1274, сместено во просториите на музичкото училиште „Методи Патчев“.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град