6 новозаболени и 1 починато лице од Ковид-19 во Охрид

Во изминативе 24 часа во земјава се евидентирани 495 нови случаи на заразени со ковид-19 од направени вкупно 4.145 тестирања, соопштија денеска од Министерство за здравство.

 |   | 
Ковид 19

Во изминативе 24 часа во земјава се евидентирани 495 нови случаи на заразени со ковид-19 од направени вкупно 4.145 тестирања, соопштија денеска од Министерството за здравство.

Скопје – 228, Кавадарци – 30, Велес – 27, Битола – 24, Штип – 21, Прилеп – 20, Куманово – 17, Крива Паланка – 13, Кочани – 12, Тетово – 11, Кичево, Гевгелија и Берово – по 10, Неготино – 7, Охрид и Валандово – по 6, Пробиштип – 5, Гостивар, Свети Николе, Радовиш и Ресен – по 4, Струга, Делчево и Демир Хисар – по 3, Струмица, Виница, Кратово, Богданци и Дојран – по 2, Крушево, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 3 починати лица од Скопје (63г, 81г и 86г), 2 починати лица од Куманово (63г и 74г) и по едно починато лице од Прилеп (98г), Битола (61г), Велес (36г), Кавадарци (73г), Охрид (69г), Кочани (69г), Пробиштип (63г) и Крива Паланка (73г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.382.675 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 202.203, бројот на оздравени пациенти е 188.332, на починати е 7.121, а бројот на активни случаи изнесува 6.750.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top