Во СВР Охрид е пријавено дека со употреба на сила е влезено во зградата на Државен просветен инспекторат, Трудова инспекција и Воени инвалиди на ул. Владо Малески во Струга.
На 28.10.2021 во 07.40 часот во СВР Охрид пријавено дека во периодот од 16 часот на 27.10.2021 до моментот на пријавување, со употреба на сила било влезено во зграда каде се сместени канцеларии на Државен просветен инспекторат, Трудова инспекција и Воени инвалиди на улицата „Владо Малески” во Струга.
Било извршено претурање по канцелариите, но не било ништо одземено. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од СВР Охрид.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град