Астрономскиот караван во Охрид

Во почетокот на јуни астрономскиот караван застана во Битола. Овој викенд, 4-ти и 5-ти јули, караванот ќе биде во Охрид.

 |  Крсте Голабовски  | 

Во почетокот на јуни астрономскиот караван застана во Битола. Овој викенд, 4-ти и 5-ти јули, караванот ќе биде во Охрид.

logoВо рамките на посетата на Охрид предвидени се следниве активности:

·    Одржување на 2 предавања: „Дали човекот стапнал на Месечината?“ и „Сончев систем“. Предавањата би траеле по 40 минути и би започнале во 18 и 19 часот во сабота.

·    Јавно набљудување на Месечината и планетата Сатурн во текот на вечерта на 4-ти јули, на градскиот плоштад во близина на пристаништето.

·    Изложба на 43 астрофотографии направени од членовите на Скопското астрономско друштво за време на теренските набљудувања во изминатите 10 години. На фотографиите ќе можат да се погледнат најразновидни небесни објекти: маглини, галаксии, ѕвездени јата, планетите од Сончевиот систем, Сонцето и Месечината. Изложбата би била поставена од сабота во 10:00 часот до недела во 15:00 часот.

Секако, сите активности се бесплатни за посетителите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top