Пронајдено оружје кај 49-годишен стружанец

На 27.10.2021, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода С.А.(49) од Струга поради тоа што во неговиот дом било пронајдено оружје.

 |   | 
Црн Дрим Струга

Полициски службеници од Полициската станица Струга, вчера го лишиле од слобода С.А.(49) од Струга.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле еден пиштол чешка „Зброевка“ калибар 7,65 мм, еден сигнален пиштол „Гмаа“, 26 куршуми различен калибар и 86 парчиња дијаболи, што нелегално ги поседувал – информираат од МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top