• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Пецаков има коалиција со народот, а ЌЕ Георгиески со урбаната мафија и затоа ќе доживее катастрофален пораз!

Пецаков има коалиција со народот, а ЌЕ Георгиески со урбаната мафија и затоа ќе доживее катастрофален пораз!

ЌЕ Георгиески е во паника и очај затоа што ги губи изборите и никаква црна кампања не може тоа да го спречи, се вели во реакцијата на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Охрид.

 |   | 

ЌЕ Георгиески е во паника и очај затоа што ги губи изборите и никаква црна кампања не може тоа да го спречи, се вели во реакцијата на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Охрид.

„Никако да излезе од предавничката матрица на СДСМ, па по катастрофалниот пораз без срам реши да се појави и да прочита нарачан текст од неговиот партиски ментор Заев. Неспособниот Георгиески и СДСМ единствено што успеаја да направат се хаос со плажите, платформите и урбаната опрема.

Охриѓани и туристите беа сведоци дека селективниот Георгиески дозволи узурпација на јавниот простор со лежалки, самоволна наплата за паркирање возила и слични дејности. Лицемерно е Георгиески најпрвин да најавува објавување нов оглас за давање на плажите под концесија, потоа пред избори оглас за идејни решавања за плажите, а од друга страна да обвинува затоа што Д-р Кирил Пецаков и новото советничко мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ имаат план да го решат хаосот со плажите и да ги вратат повторно на граѓаните. Целата јавност да знае дека проблемот со плажите и нивното уредување има да го решиме со тоа што плажите повторно ќе добијат концесии согласно законите. Георгиески цел мандат исплаќа предизборни фактури, уценет е и докажа дека не може да се справи со ниту со плажите, ниту со дивоградбите.

Георгиески,

Црната кампања нема да те направи победник, само продолжуваш да тонеш. На охриѓани не им треба уценет градоначалник и страшливец. Самиот Георгиески е слуга и маша на личните профитери и урбаната мафија. Да заокружиме 7 за голема победа на Д-р Кирил Пецаков! На 31 октомври Охрид добива ВИСТИНСКИ ГРАДОНАЧАЛНИК кој гарантира нова и светла иднина!“ – додаваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top