• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Георгиески: Пецаков има намера повторно да ги даде плажите во рацете на бизнис структури

Георгиески: Пецаков има намера повторно да ги даде плажите во рацете на бизнис структури

На само неколку дена пред вториот изборен круг, Кирил Пецаков се одважи и конечно призна дека неговиот план е Охрид да го врати назад во минатото и дека ќе биде слуга и маша на личните и бизнис интереси на поединци, кажа денеска на прес конференција кандидатот за Градоначалник од СДСМ и коалицијата, Константин Георгиески. Не можам да поверувам дека гази врз природата и сите правни норми, дека повторно сака да ги одземе плажите од граѓаните и да ги врати во рацете на профитери, рече Георгиески.

 |   | 

Пецаков заедно со криминалното ВМРО ДПМНЕ има намера повторно да го издава под концесија најатрактивниот и најзаштитениот дел од крајбрежјето на нашето Охридско Езеро со што јасно кажа дека планира да ги поништи сите наши досегашни заложби, исполнувањето на препораките и почитувањето на законите, поради кои Охрид го зачува статусот на УНЕСКО, обвини денеска на прес конференција кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата, Константин Георгиески.

Не можам да поверувам дека неговиот план е повторно да ги даде плажите во рацете на бизнис структури и да го врати концептот на стопанисување со крајбрежјето кој нанесе огромни штети на светското природно и културно наследство, со кое располага овој регион. Не ми е јасно како Пецаков како поранешен советник, пратеник и кандидат за градоначалник кој сака да управува со град како што е Охрид, покажува тотално непознавање на законите, го нема прочитано Планот за управување со светско природно и културно наследство и не му се важни препораките од УНЕСКО – кажа Георгиески.

Георгиески изрази неверување дека неговиот противкандидат за ситни политички поени, наклонетост и политичко агитирање, веќе имал склучено непринципиелни договори, за да ги задоволи апетитите на одредена бизнис фела и се расфрлал со неостварливи ветувања. Маските им паднаа, нивните лаги и манипулации пропаднаа, вистинското лице на ВМРО ДПМНЕ и нивната понуда за Охрид излезе на виделина, рече Георгиески.  

Да не дозволиме Охрид да им припадне на учениците на Груевски, кој имаше планови да го распродава крајбрежјето на белосветски криминалци од Индија, кој планираше да гради парапети околу езерото, да носи морска песок на плажите и кој со неплански концесии на крајбрежјето нанесе голема штета на охридскиот туризам. За разлика од нив, за прашањето за зачувување и уредување на крајбрежјето на Охридското Езеро покажавме јасен став и план. Ние не нудиме нереални ветувања, ние развиваме сериозен концепт со кој општината ќе ги уредува и ќе стопанисува со плажите, кои ќе бидат јавни и достапни за сите – додаде Георгиески.

Георгиески потенцира дека нивна замисла е Охрид конечно да добие уредени градски плажи по сите современи текови и еколошки препораки. Им порача на охриѓани дека во недела, судбината е во нивни раце, дали Охрид ќе продолжи со започнатиот развој или ќе се врати во неизвесност и деструкција. Ја побара довербата на граѓаните затоа што на дело покажал дека за него Охрид и неговата иднина е над сите интереси.

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top