Денес се празнува Света Петка-Петковден

Денеска, 27-ми октомври, според календарот на Македонската православна црква се празнува Преподобна Параскева – Петковден, во народот позната како света Петка.

 |   | 

Денеска, 27-ми октомври, според календарот на Македонската православна црква се празнува Преподобна Параскева – Петковден, во народот позната како света Петка.

Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Св. Петка се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева.

Голем број лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води. Голем број македонски семејства Петковден го празнуваат како домашен празник со служби посветени на св. Петка, со чекање гости и со други обичаи и свечености.

Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка…

Во народот Петковден се смета за почеток на зимските празници што следуваат и што се проследени со домашни служби, како што се Митровден, Св. Ѓорѓија, Аранѓел, Св. Никола и др.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top