Во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид во петокот се одржа традиционалниот општински натпревар „Млади библиотекари“.
Во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид во петокот се одржа традиционалниот општински натпревар „Млади библиотекари“.
И во услови на Ковид-19 со почитување на сите протоколи библиотеката се покажа како добар домаќин.
Се натпреваруваа осум ученици подготвени од менторите: Валентина Рубаноска од ООУ „Св. Наум Охридски“ Пештани, Санте Миткова од ООУ „Христо Узунов“, Наташа Митреска ООУ „Григор Прличев“, Емилија Блажеска од ООУ „Ванчо Николески“ од Лескоец и Снежана Стојаноска од ООУ „Живко Чинго“ од Велгошти.
Тестирањето по претходно подготвени прашања од областа на библиотекарството го спроведе комисијата: Никола Ристовски – претседател, Бети Лазеска – Симоноска, Елизабета Бојчевска и Христина Трпеска-членови.
Наскоро ќе биде познат победникот на општинскиот натпревар кој ќе има право да го претставува Охрид на Државниот натпревар „Млади библиотекари“ чиј домаќин треба да биде охридската библиотека, а поради Ковид пандемијата е одложен за мај идната година.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град