5 новозаболени и 12 оздравени лица од ковид-19 во Охрид

Направени се 2.595 тестирања, а регистрирани се 227 нови случаи на КОВИД-19 во земјава, информираат од Министерството за здравство.

 |   | 

Направени се 2.595 тестирања, а регистрирани се 227 нови случаи на КОВИД-19 во земјава, информираат од Министерството за здравство.

Скопје – 128, Куманово – 15, Прилеп – 12, Штип – 11, Крива Паланка – 9, Кавадарци – 8, Битола и Свети Николе – по 6, Охрид, Струмица и Неготино – по 5, Велес и Пробиштип – по 4, Тетово – 3, Гевгелија – 2, Кочани, Радовиш, Делчево и Виница – по 1. Регистрирани сe 111 оздравени пациент од: Куманово – 27, Гостивар – 15, Охрид – 12, Штип – 10, Прилеп – 7, Битола – 6, Скопје – 5, Кочани, Крива Паланка и Пробиштип – по 4, Кичево и Кратово – по 3, Велес, Радовиш и Берово – по 2, Тетово, Делчево, Виница, Демир Хисар и Пехчево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 15 починати лица: 6 починати лица од Скопје (75г,75г,70г,76г,64г и 64г), по едно починато лице од Прилеп (79г), Битола (88г), Велес (72г), Кавадарци (63г), Охрид (82), Штип (69г), Крива Паланка (41г), Пробиштип (86г), и Кратово (66). Од пријавени лица 14 се починати во болнички услови ,а само едно лице е починато дома.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е уште 1 починато лице, со датум на смрт од 23.10.2021 година. Починатото лице е на возраст од 82 години од Охрид, починато во домашни услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 199.766, бројот на оздравени пациенти е 186.322, на починати е 7.051, а бројот на активни случаи изнесува 6.393.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top