Голем одрон на капри го затрупа влезот на населбата Елен Камен во струшко, за среќа нема повредени. Жителите бараат надлежните итно да преземат мерки, бидејќи дел од карпата се уште надвиснува и не се знае кога може да падне и да ги повреди минувачите на овој потег.
Огромен одрон падна пред влезот на туристичката населба Елен Камен во струшко. Големите карпи го затрупаа патот кон селото Радожда, за среќа нема повредени, оштетена е банкината на делницата. Надлежните од Македонија пат набрзо го расчистија патот, но карпите ги фрлија покрај брегот на населбата и ги оштетија водоводните цефки.
Најголемиот проблем е што дел од распуканата карпа сеуште надвиснува на влезот од Елен Камен и се заканува нов голем одрон, кој може тешко да ги повреди минувачи.
Во август ги известивме локалните и државните власти писмено да се санира карпата Радожда – Елен Камен бидејки пости можност за одрон. И тоа и ни се случи, фала му на Господа никој не погина, но има огромна штета – вели Емил Попоски претседателот на МЗ Елен Камен.
Во викенд просечно околу 500 гости ги посетуваат стотината вили во населбата Елен Камен, огромен број возила гравитираат и кон селото Радожда. Мештаните бараат надлежните итно да стават заштитни мрежи за поголема безбедност на жителите.
Бараме под итно да се стави некаква изолација, мрежа или доминирање на карпата затоа што зимата, мразот и сонцето ќе ја зголемат ерозијата и ќе ја направи таа штета што не е посакувана од никого. Ние еднаш апелиравме и не не сфатија озбилно – додава Попоски.
Во февруари годинава голем одрон на карпи срамни неколку помошни објекти во близина на куќите во струшко Радожда, среќа и тогаш немаше повредени, беше причинета само материјална штета.
Новинар Соња Рилковска
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град