Во петок повторно ќе се одигра претставата „Сопружници“

Во петок повторно пред охриѓани ќе се одигра театарската претстава „Сопружници“ од Вуди Ален, во режија на Драгана Таневска.

 |   | 

Театарската претстава „Сопружници“ од Вуди Ален, во режија на Драгана Таневска во петок повторно ќе се одигра пред охридската публика.

Во претставата играат: Ивица Цонев како Гејб, Елизабета Стефановска во улогата на Џуди, Никола Тодороски како Џек, Адријана Билаловиќ- Тодороска како Сали и Филип Кипровски како Мајкл.

„Сопружници“ претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претставата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите – вели режисерката Таневска.

Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.

Согласно здравствените протоколи за заштита од COVID-19 претставата ќе се одигра пред ограничен број публика. За влез потребен е сертификат за вакцинација од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест COVID-19 или потврда за прележан ковид во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top