Седмите локални избори официјално почнуваат од денес. Денеска своето право на глас ќе може да го остварат болните и изнемоштените, внатрешно раселените лица, војниците, осудениците и лицата кои се во изолација поради Ковид – 19, под посебни однапред утврдени протоколи.
Седмите локални избори официјално почнуваат од денес. Денеска своето право на глас ќе може да го остварат болните и изнемоштените, внатрешно раселените лица, војниците, осудениците и лицата кои се во изолација поради Ковид – 19, под посебни однапред утврдени протоколи.
Според официјалните податоци на Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе гласаат 7.921 болни и немоќни лица чии пријави се прифатени од Општинските изборни комисии (ОИК), 476 лица со Ковид-19 и во самоизолација, 1.899 осуденици, 351 лице во установи за вонсемејно сместување и шест гласачи кои, во согласност со евиденцијата на Министерството за труд и социјална политика, се запишани како раселени лица.
Гласањето на болните и немоќните ќе го спроведуваат избирачките одбори, додека за гласањето на лицата со Ковид-19 и во изолација се формирани посебни избирачки одбори составени од медицински лица.
На овие избори, за првпат ќе се користат читачи на отпечатоци на прстите на гласачите, но Државната изборна комисија (ДИК) одлучи граѓаните кои гласаат денеска да не бидат проверувани со овие уреди, туку гласањето да се спроведе УВ ламба, со која се проверува дали лицето претходно гласало, и со прскање со спреј, за да се обележи дека веќе е искористено правото на глас.
А утре и официјално стартува гласачкиот процес. Ќе се бираат градоначалници и советници во 80 општини и Град Скопје.
Во 7 часот наутро треба да се отворат 3.480 гласачки места на кои според Избирачкиот список 1.824.864 граѓани ќе може да си го остварат своето право на глас. Во посебните извори на списокот се наоѓаат 82 461 лице кои се на привремена работа или престој во странство. Избирачките места се затвараат во 19 часот кога почнува и броењето на гласовите.
А граѓаните ќе бираат меѓу 299 кандидати за градоначалници и 576 листи со над 10 илјади кандидати за советници.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град