Секој дел од Општина Охрид треба да биде уреден согласно потребите на граѓаните. Затоа во програмата „За Охрид Гарантираме“ има проекти за сите делови, населби и охридски села, кажа на денешната прес конференција Билјана Тодева-Стојановска, кандидат за член на Советот на Општина Охрид на листата од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија.
Нашата визија е Охрид да стане функционално, ефикасно и модерно место за живеење во секој еден негов дел. За таа цел гарантираме проекти за сите, Билјана Тодева-Стојановска, кандидат за член на Советот на Општина Охрид на листата од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ од коалициониот партнер Социјалистичка партија на Македонија.
Во населбите Билјанини Извори, Даме Груев, Горна Влашка маала и Железничка: Изградба на детски игралишта. Во населбите Видобишта, Бараки и во Илинден: Изградба на ново мултифункционално спортско игралиште; Промена на азбестни водоводни цевки со нови на улиците „Ристо Чадо” и „Андреја Јованоски“.Поставување на забавувачи на брзина на улица „Кленоец“ во населба 15 Корпус, а во населбите Далјан, Воска и Лескајца, реконструкција на подрачното училиште „Свети Климент Охридски” и партерно уредување, изградба и реконструкција на современи детски игралишта, реконструкција на пешачка патека Лабино-Далјан, партерно уредување на речното корито на река Грашница – наброја Тодева-Стојановска.
Во Подмоље: Изградба и реконструкција на канализационен систем, поставување автобуски постојки. Во Рача: Уредување на корито од реката што поминува низ Рача, асфалтирање на главни и споредни улици и изградба на тротоари. Во Коњско изградба на рекреативна патека и поставување автобуски постојки. Во Елшани изградба и реконструкција на детско игралиште и изградба на пешачка патека. Програмата „Гарантираме“ за Пештани предвидува доизградба на кејот на брегот на езерото, реконструкција на отвореното спортско игралиште во рамки на ОУ „Свети Наум Охридски“. Во Трпејца реконструкција на подрачното училиште и изградба и реконструкција на канализационен систем. Изведба на пешачка патека од Љубаништа до Автокампот и санирање на Домот, наброја Тодева-Стојановска.
Во Вапила: Санација на металната ограда на мостот, поставување на водоводна мрежа. Во Ливоишта: Чистење и уредување на речното корито, изведба на резервоар за питка вода и целосно одделување на водоводниот систем од Вапила. Во Куратица: Изградба на нов водовод, асфалтирање на патот до црквата Света Богородица, тампонирање на патот од Куратица до Злести – кажа Тодева-Стојановска.
И ова не се сите проекти, туку само дел од програмата „За Охрид Гарантираме“, посочи кандидатката за советник Билјана Тодева-Стојановска. Ја побара довербата на охриѓани за ново советничко мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“ и за Кирил Пецаков за Градоначалник.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град