Непрооден патот преку Галичица

Од Националниот парк „Галичица“ попладнево информираа дека поради снежен намет, патот преку Галичица е непрооден.

 |   | 

Поради снежен намет, патот преку Галичица е непрооден, информираа попладнево од Националниот парк „Галичица“.

На одлуката за затворање на овој патен правец реагираа планинарите и љубителите на природата од Охрид и регионот, туристите, но и општините Ресен и Охрид, потенцираат од Националниот парк „Галичица“.

Инаку, од утринава вистинска снежна идила се повисоките планински места низ цела Македонија. Снег има и на Маврово, Попова Шапка, Ниже Поле, Пониква, Крушево, а и на планинските превои Стража, Плетвар, Буково.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top