1 починато и 18 оздравени лица од Ковид-19 во Охрид

Во текот на последните 24 часа се направени 3.567 тестирања, при што се регистрирани 412 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

 |   | 
Ковид 19

Во текот на последните 24 часа се направени 3.567 тестирања, при што се регистрирани 412 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 207
• Куманово 34
• Велес 26
• Битола 18
• Кочани 16
• Кичево 15
• Прилеп 14
• Тетово, Гостивар и Кавадарци по 10
• Радовиш 6
• Штип и Свети Николе по 5
• Струмица, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица по 4
• Струга, Гевгелија, Неготино и Виница по 3
• Валандово 2
• Охрид, Ресен, Пробиштип, Богданци, Крушево и Македонски Брод по 1

Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 6 од Скопје (73, 72, 67, 61, 49 и 46 години), 2 починати лица од Кочани (66 и 63 години), по едно починато лице од Прилеп (80 години), Охрид (77 години), Куманово (77 години) и Велес (48 години). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се уште 8 починати лица, со датум на смрт од 01.09.2021 до 08.10.2021 година. Регистрирани се 4 починати лица од Скопје и по едно починато лице од Тетово, Прилеп, Куманово и Кочани на возраст од 36 до 93 години. Од пријавените лица 6 се починати во болнички услови, а 2 во домашни услови.

Регистрирани сe 459 оздравени пациенти од:

• Скопје 266
• Куманово 36
• Велес 25
• Прилеп и Охрид по 18
• Битола 14
• Штип 11
• Кавадарци и Радовиш по 10
• Кочани 9
• Крива Паланка 6
• Тетово, Свети Николе и Виница по 5
• Гевгелија 4
• Пробиштип и Кратово по 3
• Гостивар, Кичево и Струга по 2
• Неготино, Ресен, Берово, Богданци и Демир Капија по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.330.304 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.542 бројката на оздравени пациенти е 182.078, на починати е 6.875, а бројот на активни случаи изнесува 6.589. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top