Врз основа на член 12 став 1 и член 16 став 1 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“ број 40/2006, 136/2008, 148/2008, 155/2008, 163/2008, 44/11, 51/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16, 142/16, 67/17, 125/17, 35/18, 99/18, 140/18, 208/18 и 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 98/19, 42/20, 74/21 и 215/21 ), претседателот на Собранието на Република Северна Македонија на ден 6 август 2021 година, донесе Решение за распишување на избори за членови на советите на општините и советот на градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на градот Скопје, со кое се определува денот од кога почнуваат да течат роковите за извршување на изборните дејствија и денот на одржување на изборите кој е утврден за ден 17 октомври 2021 година.
Врз основа на член 12 став 1 и член 16 став 1 од Изборниот законик („Службен весник на
Република Македонија“ број 40/2006, 136/2008, 148/2008, 155/2008, 163/2008, 44/11, 51/11,
142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16, 142/16, 67/17, 125/17, 35/18,
99/18, 140/18, 208/18 и 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 98/19,
42/20, 74/21 и 215/21 ), претседателот на Собранието на Република Северна Македонија на ден
6 август 2021 година, донесе Решение за распишување на избори за членови на советите на
општините и советот на градот Скопје и за градоначалници на општините и за
градоначалник на градот Скопје, со кое се определува денот од кога почнуваат да течат
роковите за извршување на изборните дејствија и денот на одржување на изборите кој е
утврден за ден 17 октомври 2021 година.
Државниот завод за ревизија, со цел навремено и транспарентно информирање на сите
учесници во изборната кампања, а поврзано со обврските кои произлегуваат од одредбите
на Изборниот законик и Ревидираниот роковник за извршување на изборните дејствија за
спроведување на избори за членови на советите на општините и советот на градот Скопје и
за градоначалници на општините и градоначалник на градот Скопје 2021 година донесен од
Државната изборна комисија, укажува на законски пропишаните обврски предвидени за
секој од учесниците во изборната кампања за локалните избори 2021 година.
Имено, учесникот во изборната кампања е должен да ги изготви и достави до Државниот
завод за ревизија, Државната изборна комисија и Државната комисија за спречување на
корупцијата следниве извештаи:
– Извештај со образец за примените донации на трансакциската сметка за финансирање на
изборната кампања. (член 84-б став 2), на 11 ден од денот на изборната кампања (7 октомври,
24:00 часот).
– Извештај со образец за примените донации на трансакциската сметка за финансирање на
изборната кампања. (член 84-б став 3), еден ден по завршување на изборната кампања (за прв
круг 16 октомври/за втор круг 30 октомври).
– Извештај со спецификација на трошоците за приходите и расходите на трансакциската
сметка за изборна кампања од денот на нејзиното отворање до завршувањето на првиот
изборен круг (член 84-б став 1), Во рок од 20 дена од денот на настапување на предизборниот
молк за првиот круг (4 ноември, 24:00 часот) и вториот круг на гласање (18 ноември, 24:00
часот) доколку се одржува.
– Вкупен финансиски извештај со спецификација за трошоците за приходите и расходите
во изборната кампања (член 85 став), веднаш а најдоцна во рок од 30 дена од денот на
затворање на трансакциска сметка.
Финансиските извештаи, учесникот во изборната кампања е должен да ги изготви на
образец пропишан од министерот за финансии. Политичките субјекти се должни овие
извештаи да ги објават на своите веб страници.
Ве информираме дека образецот за извештај со спецификација на трошоците за приходите
и расходите на трансакциската сметка за изборна кампања и извештај за примени донации
на трансакциска сметка за финансирање на изборна кампања е пропишан со Правилникот
за образецот за извештај со спецификација на трошоците за приходите и расходите на
трансакциската сметка за изборна кампања и извештај за примени донации на
трансакциска сметка за финансирање на изборна кампања („Службен весник на Република
Северна Македонија“ бр. 80/2021 и 218/2021). Составен дел на овој правилник е Упатството за
начинот на пополнување на образецот на извештајот.
Исто така, за Ваше информирање, наведениот правилник е објавен и на официјалната веб
страна на Државниот завод за ревизија www.dzr.mk, во табот Локални избори 2021, во подтаб
законски акти.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град