ПОДОБРЕНИ УСЛОВИТЕ ЗА РАБОТА ВО ОУ „ВАНЧО НИКОЛЕСКИ“

Со финансиска поддршка на Општина Охрид во вредност од 365 800 денари, се изврши комплетна реконструкција на  подовите во основното училиште „Ванчо Николески“ во село Лескоец.

 |  Голабовски Крсте  | 

Со финансиска поддршка на Општина Охрид во вредност од 365 800 денари, се изврши комплетна реконструкција на  подовите во основното училиште „Ванчо Николески“ во село Лескоец.

Изминатиов период активно се работеше на подобрување на условите за следење  настава. Во училиштето се реконструираа  тоалетите , се молерисаа   и санираа оштетувањата на ѕидовите од осум  училници. Се изврши реконструкција на таванот и ѕидовите од училишниот ходник и се поставија нови светилки.

Со поддршка на Општина Охрид се  набавија нови компјутери  за учениците со цел да има непречено одвивање на наставната програма.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top