Македонија има талентирани соло пеачи

„За да се успее на светските сцени, единствен проблем е финансиската состојба во државава“, вели професорката од музичкиот факултет од Скопје.

 |  Билјана Колоска  | 
peacka
пеачка

„За да се успее на светските сцени, единствен проблем е финансиската состојба во државава“, вели професорката од музичкиот факултет од Скопје.

По втор пат во Струга се  организира семинар по соло пеење. Македонија е земја на соло пеачи. Има лица кои поседуваат високи квалитети  и се надарени за светските сцени. За  тоа зборува премерот со 24-годишната соло пеачка  Нита Лимани. Таа својот глас освен што го усовршува туку вештините ги пренесува и на нејзини ученички.

„Македонците се народ кој слуша забавна или народна музика, но радува фактот што се повеќе талентирали лица се заинтересирани за класичната музика“, вели професорката од музичкиот факултет во Скопје, Марија Муратовска Наумовска.

preofesorkaТоа се потврдува и со големата заинтересираност за сминарот по соло пеење, кој втор пат годинава се оргазнизира во Струга. Добра воља за учество на истиот покажаа талентирани лица од различна годишна возраст.

Семинар од ваков тип единствено се одржува во Струга.

„Со сигурност може да кажеме дека нема ниту на балканот. Добриот гас за неговата успешност се слушна во сите градови низ Македонија, затоа имаме учесници од секаде“, вели професорката Наумовска.

Во рамки на семинарот по соло пеење, на 8 овојмесец, со почеток во  21 часот, во Домот на Култура  ќе се одржи концерт. Организаторите ги повикуваат сите љубители на класичната музика, да ги видат талентите кои се  дел од  семинарот. Пијано придружбата и е доверена на пијанистката Благовесна Булевска.
Инаку, тој е  во организација на музичкото студио Соната,  во рамки на домот на култура Браќа Миладиновци.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top