Во изложбената Галерија во Куќата на Робевци е поставена првата самостојна изложба на охридскиот сликар Ванчо Димоски.
Во изложбената Галерија во Куќата на Робевци е поставена првата самостојна изложба на охридскиот сликар Ванчо Димоски. За уметничкото творештво на младиот Димоски, познатиот сликар Славко Упевче ќе рече дека станува збор за талентиран сликар кој истражува со контратот на боите и на кого му престои блескава творечка перспектива.
Ванчо Димоски, дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2006 година. Имал повеќе групни изложби , но пред охриѓани за прв пат го презентира своето творештво со 18 слики од кои едната е негова дипломска работа. На неговите платна е преставено човечкото тело и психа, преку контраст на топлите и ладните бои како што се црвената, сината и зелената.
Инспирација на уметникот му се сликарите од 19 и 20 век, Ван Гог, Пол Гоген, Сезан, Мондријан, Кандински кои припаѓаат на импресионистичкиот и експресионистичкиот правец.
Ванчо Димоски за своите идни планови вели дека целосно ќе се посвети на сликарството и истражувањето на човечкото тело, психа и филозофија, но и на формата, бојата и фигурата. Љубителите на ликовната уметност изложбата може да ја посетат до 9 јули.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град