Осквернавени бистите на Анте Попоски и Славко Јанески во Струга

Осквернавени дел од бистите во Алејата на писатели во Струга. Обезглавена е бистата на Анте Попоски, а оштетено е и спомен обележјето на Славко Јанески. Струшки вечери на поезијата го осуди настанот.

 |   | 

Обезглавена бистата на Анте Попоски и фрлена во водите на Охридското езеро. Непознати сторители ноќеска извршиле сквернавење на дел од  бистите во Алејата на писателите во Струга. Оштетени се спомен обележјата на македоските поети Славко Јаневски и Анте Попоски. Бронзената биста на Поповски била демонтирана од постаментот и фрлена во водите на Охридското Езеро додека врз спомен-обејежјето на Јаневски вандалите успеале само да предизвикаат оштетување.

Полицијата работи на откривање на сторителите и мотивите на овој вандалски чин.

Настанот е пријавен, полициски екипи веднаш излегоа на терен да извршат увид на местото каде е извршено оштетувањето – изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Од поетската манифестација „Струшки вечери“ го осудија сквернавењето на бистите на македонските поети. Од манифестацијата излегле веднаш на терен за да ги извадат бистите од Езеро и да ги вратат на нивните постаменти.

Најостро го осудуваме чинот на вандализирање бистите на истакнатите македонски поети и очекуваме сторителите во најкус можен рок да се пронајдат и соодветно да се казнат и апелираме до целата македонка јавност да се почитуваат придобивките на нашата поетска традиција – вели Тодорче Тасевски, директор на „Струшки вечери на поезијата“.

Ова не е првпат да се сквернават бистите на македонските поети во Струга. Спомен плочите настрадаа и пред неколку години кога дел од нив беа искршени, а дел исчезнаа. Тогаш полицијата ги пронајде сторителите.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top