19 новозаболени, 1 починато и 1 оздравено лице од Охрид

Во текот на последните 24 часа се направени 3.425 тестирања, при што се регистрирани 494 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

 |   | 
Модуларна болница Охрид

Во текот на последните 24 часа се направени 3.425 тестирања, при што се регистрирани 494 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 231
• Куманово 49
• Велес 31
• Штип 24
• Кавадарци 23
• Охрид 19
• Кичево 17
• Прилеп и Кочани по 16
• Струмица 12
• Битола 8
• Струга 7
• Тетово 6
• Гевгелија 5
• Делчево 4
• Неготино, Радовиш и Виница по 3
• Свети Николе, Крива Паланка, Берово, Богданци и Македонски Брод по 2
• Гостивар, Ресен, Валандово, Кратово, Демир Хисар, Демир Капија и Македонска Каменица по 1

Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 6 починати лица од Скопје (94, 78, 70, 68, 61 и 49 години), 2 починати лица од Кавадарци (77 и 63 години) и по едно починато лице од Куманово (66 години), Охрид (72 години), Крива Паланка (59 години) и Македонски Брод (74 години). Сите пријавени лица се починати во болнички услови. Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се уште 10 починати лица, со датум на смрт од 07.09.2021 до 29.09.2021 година. Починатите лица се по 6 починати лица од Скопје, 2 починати лица од Куманово и по едно починато лице од Валандово и Гостивар, на возраст од 52 до 88 години. Од пријавените лица 1 е починат во домашни услови, а 9 лица се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 474 оздравени пациенти од:

• Скопје 272
• Куманово 30
• Битола 18
• Штип 16
• Велес и Тетово по 14
• Кавадарци 13
• Кочани 12
• Кичево и Радовиш 10
• Струмица 8
• Прилеп 6
• Крива Паланка, Ресен и Кратово по 5
• Гевгелија, Свети Николе и Гостивар по 4
• Неготино, Виница, Берово, Македонски Брод, Валандово и Дебар по 3
• Демир Хисар и Пехчево по 2
• Охрид и Пробиштип по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.289.516 тестирања на Covid-19. Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 191.408 бројката на оздравени пациенти е 172.653, на починати е 6.668, а бројот на активни случаи изнесува 12.087. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top