По завршувањето на натпреварите од четвртфиналната рунда, од синоќа познати се играчите кои ќе играат во полуфиналето на годинашното издание на Вимблдон.
По завршувањето на натпреварите од четвртфиналната рунда, од синоќа познати се играчите кои ќе играат во полуфиналето на годинашното издание на Вимблдон.
Фаворитот број еден, Роже Федерер кој е втор носител на турнирот, пласман во полуфиналето обезбеди со победата во три сета над Хрватот Иво Карловиќ (6-3, 7-5, 7-6) Федерер за противник во полуфиналето кое се игра в петок ќе го има Германецот Томи Хас, 24 носител. Хас во полуфиналето со 3:1 во сетови го победи Србинот Новак Џоковиќ кој беше четврти носител.
Втората полуфинална двојка ќе ја сочинуваат домашниот тенисер, инаку трет носител на турнирот Енди Мареј и Американецот Енди Родик. Британецот Мареј, место меѓу четворицата најдобри обезбеди со победата од 3:0 по сетови (7-5, 6-3, 6-2) над Шпанецот Хуан Карлос Фереро.
Во најинтересниот четвртфинален меч во кој беа одиграни максимални пет сета, а траеше три часа и 50 минути, шестиот носител Родик, славеше победа во дуелот со Австралијанецот, Лејтон Хјуит, со 6-3, 6-7 (10-12), 7-6 (7-1), 4-6 и 6-4.
Полуфиналните натпревари во женска конкуренција на програмата се денеска, а во нив место обезбедија четирите најдобро ранирани тенисерки на годинашново издание на Вимблдон.
Во првата полуфинална Американско-Руска пресметка ќе играат втората носителка Серена Вилијамс и четвртата носителка Елена Дементиева.
Втората полуфинална двојка ќе ја сочинуаат Динара Сафина, првата фаворитка и бранителката на трофејот од лани, Венус Вилијамс које е трета носителка на Вимблдон.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град