• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Дваесетина волонтери од неколку европски земји и Македонија чистеа на видиковец на патот кон Велестово

Дваесетина волонтери од неколку европски земји и Македонија чистеа на видиковец на патот кон Велестово

Дваесетина волонтери од неколку европски земји и Македонија чистеа на видиковец на патот кон Велестово – заедничка акција на Волонтерски Центар Скопје – Volunteers Centre Skopje и Чист Охрид.

 |  Голабовски Крсте  | 

Дваесетина волонтери од неколку европски земји и Македонија чистеа на видиковец на патот кон Велестово – заедничка акција на Волонтерски Центар Скопје – Volunteers Centre Skopje и Чист Охрид.

23 волонтери од неколку европски земји, но и од Македонија денеска собраа 17 полни вреќи со отпад од видиковец на патот кон Велестово.
Пластични шишиња, влажни марамици, презервативи се некои од работите кои доминираа на овој простор кој моментално е исчистен благодарение на странските и волонтерите од земјава.

„Но, во меѓувреме, истакнуваме дека во околината на видиковецот има кабаст, но и отпад затрупан во грмушки и обрасната трева, кој не бевме во можност да го собереме, за што се потребни поголеми напори, алатки или механизација за да се доведе местото во ред, информираат од „Чист Охрид“.

„Упатуваме порака до посетителите, а особено до младите да го собираат и да го носат своето ѓубрето со себе до најблискиот контејнер.
Ужасна е помислата со ѓубре да се уништува едно од поубавите места во градот, односно погледот кој го нуди видиковецот кон градот и неговите убавини.
Ги повикуваме сите граѓани да се грижат за животната средина, да организираат индивидуални акции за чистење ѓубре и да се приклучуваат на нашите повици, се со цел да ја чуваме животната средина и сите заедно да придонесеме за чист Охрид!“, велат од чист Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top