Од понеделник трета доза на вакцина ќе може да примат сите граѓани на возраст над 60 години и сите здравствени работници и пациенти кои имаат имунокомпромитирана состојба, без оглед на возраста. Се најавува и скрининг на генералната здравствена состојба на населението, како и брзи антигенски тестови тестови за учениците во основните и средните училишта во државата.
Од понеделник трета доза на вакцина ќе може да примат сите граѓани на возраст над 60 години и сите здравствени работници и пациенти кои имаат имунокомпромитирана состојба, без оглед на возраста. Се најавува и скрининг на генералната здравствена состојба на населението, како и брзи антигенски тестови тестови за учениците во основните и средните училишта во државата.
Согласно сознанијата кои ги посочи министерот за здравство, Венко Филипче, на вчерашната прес-конференција, третата доза вакцина треба да биде од производителот „Фајзер“, а дополнително ќе следат препораки за вакцини од други производители.
Филипче информираше дека сите граѓаните кои примиле втора доза во моментот кога ќе поминат шест месеци ќе добијат СМС порака дека може да се јават и да примат трета доза вакцина и нагласи дека нема потреба да се заминува во странство за трета доза вакцина.
– Даваме препорака врз основа на искуства од други земји и меѓународни институции кои се тие категории граѓани кои треба да се вакцинираат. Значи сите граѓани без разлика на тоа со која вакцина се иницијално вакцинирани, може да се вакцинираат со трета доза вакцина. Има вакцини доволно во кој било пункт. Овој процес ќе започне од понеделник, поради тоа што некои работи треба да се спремат во електронскиот систем, појасни Филипче.
Министерот сподели и дека 73 проценти од пациентите кои починале од Ковид-19 имале најмалку две хронични болести, што, според него е факт кој бара еден детален скрининг на генералната здравствена состојба на населението. Тој рече дека скринингот ќе ја опфати здравствената состојба на пациентите претходно, типот на хронични болести, начинот на лекување, редовноста во земањето терапија и пристапот кон неа, колку често се јавуваат на контролни прегледи.
Скрининг, како што навести Филипче, ќе почне да се спроведува и на учениците во основните и средните училишта во државата, за што методологијата ќе биде детално презентирана. Скринигот на учениците, како што кажа тој, се должи на фактот дека тука има одредена, многу мала трансмисија, меѓутоа, скринигот ќе се прави поради тоа што многу често децата се и асимптоматски носители.
Тој напомена дека станува збор за правење брзи антигенски тестови за Ковид-19, а детали за овој пристап, како што рече, ќе кажат во наредните денови, бидејќи, според министерот, ова бара одредена подготовка, во однос на согласност од родителите.
Во однос на анализите на бројките на Институтот за јавно здравје, како што кажа Филипче, имаме епидемиолошка состојба, која во овој момент во делот на кривата се наоѓа во форма на плато, значи еднаков број новодијагностицирани случаи – околу 500 повеќе денови наназад.
– Тоа не прави никаков притисок во болниците. Се зголемува бројот на слободни кревети во Интерните клиники, на Инфективната клиника, како и во неколку болници во државата, истакна министерот.
Дополни дека прилично е изедначен бројот на прегледи на Инфективната клиника, тоа е најголемиот репер, некаде околу 50-тина повеќе денови наназад.
Филипче информираше дека се пристигнати 100 илјади вакцини од компанијата „Фајзер“ преку системот Ковакс, со што, како што кажа, има сосема доволна количина вакцини – околу 250 илјади вакцини на „Фајзер“, 50 000 вакцини на „Синовак“ и околу 100 вакцини од производителот „Астра Зенека“. Тој, исто така, најави дека се очекува овие денови и официјално Данска да ја објави донацијата од 250 илјади вакцини од производителот „Џонсон“, вакцина која има рок до 2023 година.
Заклучно со 22 септември, со вакцинацијата, за која од МЗ велат дека се одвива непречено на сите пунктови низ државата, и на терен, вакцинирани се вкупно 778 408 граѓани. Аплицирани се вкупно 1 482 287 дози вакцини, а ревакцинирани се 703 878 граѓани.
Согласно податоците, 55 отсто од населението над 40 години имаат примено една доза вакцина и 31 отсто од населението над 18 до 39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Како што информираа од Министерството за здравство, во вчерашната ковид статистика се регистрирани 526 нови случаи на Ковид-19 од направени 3 632 тестови, оздравени се 830 пациенти, а пријавени се 28 починати. Бројот на активни случаи изнесува 12 150. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 188 635, оздравени се 169 946 пациенти, а починати 6 539.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град