Од дирекцијата на фетивалот велат дека годинешново издание ќе понуди многу квалитетна програма, за која билети се бараат насекаде во светов. За прв пат годинава една претстава ќе се одигра и на новата сцена Залив на коските.
Од дирекцијата на фетивалот велат дека годинешново издание ќе понуди многу квалитетна програма, за која билети се бараат насекаде во светов. За прв пат годинава една претстава ќе се одигра и на новата сцена Залив на коските.
Деновиве од печат треба да излезат фестивалските брошури, како и сите останати пропратни елементи кои се потребни за добро информирање на посетителите на фестивалот.Граѓаните видно задоволни од фестивалската понуда.
За свеченото отворање на фестивалот има само уште малку билети, вели директорот на фестивалот Тони Симоноски.
Годинава ќе бидат одиграни 12 драмски претстави, ќе се одржат многу концерти, ликовни изложби, а за помладата публика од фестивалот нудат и богата ОФФ програма.
Драмските претстави секогаш предизвикуваат огромно внимание и од публиката и од критиката. Годинава акцентот е ставен на балканските земји, но за изненадување на публиката на фестивалот присутен ќе биде и Роберт Вилсон од Италија, што во светски рамки претставува врв во драмскиот театар. Голем интерес кај публиката предизвикува претставата Бура на Влаглен Александров, која во Бугарија беше закитена со ГРАН ПРИ, а од од нашите режисери, петставата Александар, од Љубиша Ѓеоргиевски. На новата сцена заливот на коските, ќе се одигра Крпен живот од Владо Цветеноски.Изложбите се повеќе го завземаат своето место на фестивалот охридско лето. Пред свеченото отворање, изложба ќе има познатиот охридски уметник Славчо Упевче кој годинава прославува 40 години од своето творење. Вредни за споменување се и Сергеј Андреевски кој во Охрид ќе ја прикаже изложбата што ја твореше во Парис, како и Стефан Хаџиниколов. Од дирекцијата на фестивалот најавуваат дека за свеченото отворање ќе присуствува дипломатскиот кор од зејјава и странство, бизнис елитата како и многу гости од германија, Албанија, Србија, Црна Гора, Софија и Израел.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град