Министерот за надворешни работи Бујар Османи информираше дека земјата вчера ја примила донацијата од над 50.000 вакцини „Фајзер“ од Бугарија.
Вакцините веќе се дистрибуирани и подготвени да се употребат. Важен гест на пријателство и солидарност – напиша Османи на Твитер.
Бугарското Собрание на 8 септември ја одобри донацијата од над 50.000 вакцини за Македонија. Бугарскиот министер за здравство, Стојчо Кацаров тогаш појасни дека донацијата требало да се изврши во јуни, но поради проблеми со процедурите не било тогаш извршена.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град