Мајка го малтретирала и присилувала да питачи својот 8 годишен син во Струга

На 14.09.2021 година во ОВР Струга приведена е М.Н.(28) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете”.

 |   | 

На 14.09.2021 година во ОВР Струга приведена е М.Н.(28) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете”. Таа, околу 15.30 часот на улицата „Климетица” во Струга физички го нападнала својот осум годишен син и го присилувала да питачи.

Од полициски службеници и претставници од Центарот за социјални работи, малолетникот e пренесен во Општата болница во Струга каде му e укажана лекарска помош и констатирани телесни повреди, по што e пренесен и сместен во Јавната установа „Мајчин дом за доенчиња и мали деца” во Скопје. По целосно документирање на случајот ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top