Се сруши градежно скеле, на улицата Сирма Војвода. За среќа повредени нема.
Овој случај треба да ни биде опомена дека во иднина градежните фирми треба да водат многу повеќе внимание за обезбедување на вработените, но и на околината на објектите каде се вршат градежните зафати.
Утрово се сруши градежно скеле, во момент додека работниците ја фасадирале зградата. За среќа освем матријална штета, нема други последици. Во моментот кога се срушило скелето, во близина на објектот немало минувачи, ниту пак цеца кои често тука играат.ТВ М еден час по немилиот настан отиде на лице место. Глетката која ја затекнавме беше ужасна, но за тоа никој од станарите кои живеат во овој дел на градот не сакаа да зборуваат пред камера.
Работниците кои ги затекнавме на лице место видно вознемирени не сакаа да го коментираат настанот. Дури прилично грубо не одвраќаа и во прво време не дозволуваа да ја регистрираме случката со нашата камера. По подолго убедување за нашите законски права со кои непречено можеме да снимаме се што се случува на јавна површина тие се повлекоа. Инаку на лице место увид направи и Крим техника од Секторот за внатрешни Работи од Охрид.Портпаролот потврдува дека во секторот за внатрешни работи примено е телефонско известување за оштетување на фасадата од соседната зграда. При тоа не е побарано било каква друга интервенција од страна на полициските службеници. По овој настан граѓаните упатуваат апел до градежните фирми додека се изведуваат било какви зафати безбедноста да биде на виско ниво. Последиците би биле на штета, на вработените, минувачите но ина реномето на фирмата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град