Започна реконструкција на тротоарот на булеварот “Туристичка“, на потегот од Гимназија до СРЦ “Билјанини Извори“ по десната страна, во правец на Св.Наум. Целосно ќе бидат заменети бехатон плочките, ќе се засадат нови дрва и во цела должина ќе биде изградена нова велосипедска патека.
Започна реконструкција на тротоарот на булеварот “Туристичка“, на потегот од Гимназија до СРЦ “Билјанини Извори“ по десната страна, во правец на Св.Наум. Целосно ќе бидат заменети бехатон плочките, ќе се засадат нови дрва и во цела должина ќе биде изградена нова велосипедска патека. Градежните работи ќе ги изведуваат фирмите “Илинден“ од Струга и “Ким Идра“ од Кичево. Должината на тротоарот и велосипедската патека е 1200 метри, а локалната самоуправа за оваа намена издвои два и пол милиони денари.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град