Филмот „Добредојде“ иако замислен како драма навлегол во политички филм.
Фестивалот на Францускиот филм во Охрид ја донесе и првата проекција на годинешниот репертоар. Со симболичниот наслов „Добредојде“, режисерот Филип Лиоре длабоко ја трогна филмската публика.
„Добредојде“ е прекрасен филм која има пораки за две љубовни приказни, едната во замирање, а другата во зачеток која за жала нема да се круниса како што се очекува и третата која говори за емигрантите во Франција вели филмскиот критичар Ѓоко Симјаноски. „Филмот го опишува животот на емигрантите во Франција и како земјата се справува со овој проблем. Филмот ги отвара прашањата како Владата се справува со тој проблем и како реагираат Французите кон емигрантите, како едни им помагаат, а други не сакаат да ги видат. Во Франција според зборовите на Лиоре постои Закон кој ги казнува Французите доколку им помогнат на емигрантите и до 5 години затвор. Иако замислен како драма филмот запливал во политички филм. “ објаснува Симјаноски.
Во денешната дебата со гледачите режисерот Филип Лиоре откри како го создал филмот „Добредојде“ кој ја разбранува светската јавност. Филмот е инспириран по вистински настан рече Лиоре. Иако тој сакаше да го избегна директниот одговор на прашањето која е неговата порака во филмот, сепак даде индиректен одговор. „Филмот побуди многу реакции и допре до гледачите, ги трогна и ако тие реакции доведат да се измени Законот јас сум за тоа рече Лиоре и нагласи дека тој е само режисер“.
Вечерва на програмата во 19 часот е филмот за најмладите „Децата на Тимпелбак“ во режија на Никола Бари, а во 21. 30 часот е проекцијата на филмот „Невестинска песна“ на режисерката Карин Албу. Проекцијата на филмовите е во присуство на обата режисери.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град