• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Вечерва започнува 60-то издание на поетската манифестација „Струшки вечери на поезијата“

Вечерва започнува 60-то издание на поетската манифестација „Струшки вечери на поезијата“

60-то издание на „Струшки вечери на поезијата“  ќе започне со изложбата 60 години „Струшки вечери на поезијата“ која ќе биде претставена на летната сцена при НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“  во 18:00 часот вечерва.

 |  Голабовски Крсте  | 

60-то издание на „Струшки вечери на поезијата“  ќе започне со изложбата 60 години „Струшки вечери на поезијата“ која ќе биде претставена на летната сцена при НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“  во 18:00 часот вечерва.

Официјалното отворање ќе биде на летната тераса при хотел „Дрим“ со почеток во 20:30 минути, каде и всушност истата вечер ќе се одржи меѓународното поетско читање.

Во петок на 27.08.2021 програмата ќе започне во 10:00ч со презентација на портретот на Ива Дамјановски, добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2020 година. Потоа во текот на денот ќе следат поетско читање на поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2021 година, поетска работилница со Звонко Карановиќ и средбата со издавачи, агенти и професионални посетители -Версполис „Поетско кафе“.

Вечерта е резервирана за поетски портрети од Керон Ен Дафи и Владан Кречковиќ, а ќе заврши со деловите од програмата „Ноќ на Версополис“ и „Ноќи без интерпункција“.

Наредниот ден во сабота (28.08.2021) ќе започне со одбележување на 90 години од раѓањето на Анте Попоски, а потоа  ќе продолжи со манифестацијата Меѓународно поетско читање „Кругови“ . Ќе биде доделена наградата „Стојан Христов” за најдобра поетска книга од поет од дијаспората за 2021 г.

На летната сцена при Центарот за култура ќе се одржи промоција на „Поетско соѕвездие“ во чест на Георги Старделов и ќе биде претставен добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2021, вечерта е резервирана за музичко чествување на Блаже Конески, а ќе заврши со манифестацијата „Ноќ без интерпункција“ .

Поетите во недела ќе ги посетат Вевчани и Вевчанските извори, а во предворјето на Црквата Св. Никола ќе се одржи поетското читање „Матине“ . Вечерта ќе се промовира монографијата Блаже Конески и ќе се одржи традиционалната манифестација „Мостови“ и ќе бидат врачени наградите „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“

Последната вечер на поезија е закажана за понеделник кога ќе биде одржано Меѓународно поетско читање во Музеј на современа уметност во Скопје.

Фестивалот за прв пат се одржува во 1961 година во Струга. До 1966 година, настанот добива карактер на  меѓународен културен фестивал. Основана е меѓународната награда „Златен венец“. Покрај фестивалски настани и активности, во изминатите 55 години „Струшките вечери на поезијата“ развија обемна издавачка дејност. Струшките вечери на поезијата секоја година објавуваат репрезентативна книга поезија од добитникот на наградата Златен венец на оригинален јазик и преведена на македонски.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top