„Опасноста од нив во најголема мера зависи од временските прилики, но ние во секој момент сме подготвени“, велат од Против Пожарната Единица на Охрид.
„Опасноста од нив во најголема мера зависи од временските прилики, но ние во секој момент сме подготвени“, велат од Против Пожарната Единица на Охрид. Од НП Галичица пак ќе ја применат минатогодишната проектна студија кој се покажала како добра превентива.
Таа содржи инструкции и заклучоци на одговорните лица за пожари од паркот кои ќе бидат наменети за председателите на месните заедници. Најсовесни заштитници на паркот се неговите жители, вели директорот на НП Галичица Зоран Ангеловски. Тој додава дека и годинава очекува максимална соработка и подршка од месното население и придржување кон ланскиот проект.
Командирот Спасе Прентоски од ППЕ- Охрид, вели дека имаат одлична соработка со НП Галичица. Тој Додаде дека во секој поглед се подготвени позитивно да одговорат на повиците не само за потребите за паркот туку и воопшто
Од ППЕ Охрид велат дека нивната екипирaност и подготвеност се должи на одговорноста на локалната самоуправа. Таа ги исполнала сите потреби на пожарната единица од Охрид за справување во ургентни случаи на пожар. Да се надеваме дека повеќе никогаш нема да се повтори лошото сценарио на масовни пожари, кои во најголем дел беа санирани заради обилните врнежи на дожд, велат охриѓани.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град