Од локалната ги објвија улиците по кои летово ќе има промена на движењето на моторните возила.
Граѓаните признаваат дека летниот режим на сообраќај иако не им е во полза на сите, сепак придонесува за растеретување на сообраќајот во стариот дел на Охрид.
Од среда 01 јули стапува на сила Одлуката за изменување на одлуката за организирање на режимот на сообраќај во општина Охрид, која советниците ја изгласаа на последната седница на совет.
Со промената на сообраќајниот режим, на улиците Илинденска, Коста Абраш и Цар Самоил се забранува секаков моторен сообраќај од 20,00 до 05,00 часот. Сматаме дека со промената на сообраќајниот режим во голема мера ќе се ублажи гужвата која се создава во стаиот дел од градот, вечи Шикалески. Тој признава дека локалната самоуправа одамна размислувала за изготвување на сообраќајна студија, со која во охрид трајно ќе се реши движењето на моторните возила, како и нивното паркирање.
Инаку одлуката за организирање на режимот на сообраќај во општина Охрид, советниците ја изгласаа по низа коментари, предлози и забелешки дека на Охрид му недостасува сообраќајна студија за режим на сообраќај за преку цела година. Ветија дека по завршувањето на летната сезона ќе се направи се за Охрид да се изработи научен стручан елаборат, со кој нашиот град повеќе нема да се соочува со сообраќајни проблеми во сезоната и вон неа. Да се надеваме дека овие зборови нема да бидат само празни ветувања.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град