Вечерва во 21 часот на Антички Театар се спушта завесата на годинешното издание на фестивалот „Охридско Лето“, со претставата „На отворено море“.
Вечерва во 21 часот на Антички Театар се спушта завесата на годинешното издание на фестивалот „Охридско Лето“, со претставата „На отворено море“.
„На отворено море“ е жанровски комплексно парче: трагично, апсурдно и сатирично. Тоа е приказна за љубовната афера на една убава, среќно омажена жена со министер во владата. Во оваа драма сите се уценети и корумпирани, бидејќи тоа се луѓе од власта или од непосредна близина на власта. Зад семејните, пријателските и љубовните врски стои исклучиво голиот интерес. Сите имаат корист од оваа афера. Нушиќ никогаш не би напишал драма за млада, мажена жена која има љубовник, но кога тој љубовник е министер во владата, тогаш тоа е и политичко и државно прашање. Така, Нушиќ ја започнува „На отворено море“, остра сатира за политичкото и семејното лицемерие и неограничената корумпираност на човекот, како и стравот од вистината и одмазда на властите.
Егон Савин е редовен професор на Катедрата за театарска режија на Факултетот за драмски уметности во Белград. Режирал многу различни драмски репертоари, од современи домашни автори што ги режирал во неформални групи до светски класици во најголемите национални театри. Тој работел низ цела поранешна Југославија и во странство. Во Југословенско драмско позориште ги режирал:„ Маките по Живоин“ од Радослав Павловиќ, „На летовање“ од Максим Горки (1990), , Шумата од А. Островски (2005), „Така мораше да биде“ Бранислав Нушиќ (2007), „Тартиф“ на Молиер (2008), „Вујко Вања“ А.П. Чехов (2018) и многу други.
Добитник е на најзначајните награди за режија во земјата и странство.
Кoстимoгрaфиja: Лaнa Цвиjaнoвиќ
Адаптација, режија, сценографија и избор на музика: Егон Савин
Улоги:
Влaдимир Нeдeљкoвиќ : Ненад Јездиќ
Joвaнка: Слобода Миќаловиќ
Joвaн Нeдeљкoвиќ: Љубомир Бандовиќ
Maриja: Весна Станковиќ
Дoктoр Ружиќ: Бојан Лазаров
Гoспoѓa Живкoвиќa: Цвијета Месиќ
Гoспoѓa Никoлиќa: Jована Беловиќ
Стaнкoвиќ: Бојан Димитријевиќ
Maркo Урoшeвиќ: Небојша Миловановиќ
Кaтицa: Mаја Колунџија Зорое
Mинистер: Mарко Баќовиќ
Oлгицa: Богдана Обрадовиќ
Времетраење: 1 час и 35 минути без пауза. Претставата не се препорачува за лица помлади од 16 години.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град