ЗАПОЧНУВА ФЕСТИВАЛОТ „ПОБРАЖЕЊЕ“- ВЕВЧАНИ

Денеска во Вевчани започнува 11-тиот по ред фестивал на народна култура Пображење“ во организација на Културно Уметничкото Друштво Дримкол“ и ќе трае до 19 Август. Свеченото отворање на фестивалот ќе биде утре 17.08. на големата сцена во спортското двориште каде ќе настапат домашни и странски уметници.

 |   | 

Денеска во Вевчани започнува 11-тиот по ред фестивал на народна култура Пображење“ во организација на Културно Уметничкото Друштво Дримкол“ и ќе трае до 19 Август. Свеченото отворање на фестивалот ќе биде утре 17.08. на големата сцена во спортското двориште каде ќе настапат домашни и странски уметници.

Заокруживме една успешна декада постоење на овој фестивал, се радуваме што фестивалот е веќе јасно препознатлив во нашата земја и пошироко. Вевчани отсекогаш бил достоен чувар на традицијата, со векови го негува и презентира фолклорното творештво на својот народ, а токму и овој фестивал е само уште една потврда за нашиот однос кон богатото македонско културно наследство. Целта на фестивалот е да ја афирмира духовна култура и традиција на Македонија, да овозможи запознавање со културата и традицијата на други земји од светот, да ја збогати туристичката понуда во Вевчани и регионот. Во изминатите 10 години успеавме во тоа и се надеваме на уште подобри изданија во иднина- изјави д-р Тошо Чочороски, претседател на КУД Дримкол“.

Фестивалот започнува денеска со стручна едукативна вечер на тема: Народните ора низ призмата на етнокореолошките записи“ на која ќе говори м-р Стојанче Костов, асистент и истражувач на народни ора од Институтот за фолклорМарко Цепенков“- Скопје.

 

Народната култура на својата земја оваа година на сцената во Вевчани ќе ја презентираат: КУДДримкол“- Вевчани, КУДИлинден“- Струга, КУДСоко“- Инџија, Р.Србија, КУДИлинден“ – Демир Хисар, а преку целовечерен концерт под наслов: Приказни од чаршијата“ ќе се претстави КУДИлинден од Битола. 

Покрајсценско уметничката презентација на  орската, инструменталната и вокалната култура, во рамките на фестивалот се реализира и програмската содржина: Народната култура во Вевчани, инспирација за ликовните уметници“, на која тема оваа година во Вевчани ќе слика академскиот сликар Јане Бакрески, ликовен уметник и доцент по визуелни уметности на универзитетот за информатички науки и технологии Св.Апостол Павле“ во Охрид.

Фестивалот завршува на празникот Преображение Христово на  19 август со етно звуците на македонскиот народен оркестар Осоговски Извор“- Оризари, Кочани и настап на КУДСоко“- Инџија,Р.Србија. Фестивалот оваа година е под покровителство на Сава пензиски фонд АД Скопје и Општина Вевчани.

 

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top