Вчера во попладневните часови селата од Општина Дебрца беа погодени од невреме проследено со електрични празнења и град.
Вчера во попладневните часови селата од Општина Дебрца беа погодени од невреме проследено со електрични празнења и град. Врнежите од град наместа беа со големина од лешник, јавуваат жителите.
Посебно се погодени селата на Горна дебрца каде се речиси во целост опустошени земјоделските култури, а на социјалните мрежи се споделуваат видеа и фотографии, потенцирајќи дека само за неколку часа, температурата паднала за цели 20 степени.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град