Во периодот јануари-јуни 2021 година, наместо планираните 866 инспекциски надзори, реализирани се 1.132 инспекциски надзори, или 30% повеќе од планираното.
Во периодот јануари-јуни 2021 година, наместо планираните 866 инспекциски надзори, реализирани се 1.132 инспекциски надзори, или 30% повеќе од планираното. Во 2020 година биле реализирани вкупно 947 инспекциски надзори, односно во 2021 година се реализирани 185 надзори повеќе, или забележан е раст од 20%, стои во полугодишниот извештај на Државниот инспекторат за животна средина
Утврдени се 363 неправилности/законски повреди, за кои се издадени Решенија за нивно отклонување. За споредба, во истиот период во 2020 година се утврдени само 120 неправилности, или во 2021 година е забележано зголемување од 203%. Покренати се 43 прекршочни постапки, од кои 36 санкции се глоба-платен налог, а исто така покренати се 2 (две) кривични постапки. Во шест-месечниот извештај за 2020 година не се презентирани преземените казнени мерки.
Во 2021 година во споредба со 2020 година зголемен е бројот на вонредни (220 наспроти 126, или 75%) и контролни надзори (171 наспроти 71, или 138%), и покрај тоа што во овој период тројца од вкупно 19 инспектори не вршеле надзори (еден инспектор е на неплатено отсуство, од април еден инспектор е суспендиран заради сомнеж за поткуп и еден инспектор од 6 месеци 5 месеци бил на боледување). Во првото полугодие во 2021 година реализирани се 741 наспроти 749 редовни надзори од истиот период во 2020 година, што е намалување од 8 надзори, или 1%. Ова се должи на намалениот број активни инспектори на терен.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град