60 стари лица од струшко ќе добиваат нега во сопствениот дом

60 жители од струшко од третата доба ќе добиваат нега во сопствениот дом. За таа цел Црвениот крст со поддршка од Министертвото за труд и социјална политика обучи 20 негователи. Целта е обезбедување достоинсвен и поквалитетен живот на старата популација.

 |   | 

Струга доби 20 обучени негователи за грижа на стари лица во домашни услови. 60 жители од струшко од третата доба и со посебни потреби ќе добиваат нега во сопствениот дом.

Целта е обезбедување достоинствен и квалитетен живот на старата популација. Со стареењето расте бројот на хронични болести, неспособноста и потребата за грижа, а во Југозападниот регион во земјава нема ниту еден дом за стари лица.

Со цел да им се помогне на старата популација да им се продолжи векот на живеење. Да имаат поддршка да го живеат нормално животот надвор од институциите во нивниот дом – вели Адуриме Даути секретар во Црвен крст Струга.

Зависно од здравствената состојба на барателите на услугата Центарот за социјални работи и медицински лица ќе утврдат колку часови дневно корисниците ќе добиваат нега во домот. Предност ќе имаат најзагрозените кои живеат сами.

Прават увид и носта решение врз основа на тоа што тие го утврдиле. Зависно од тоа решение ке добиваат услуга тоа решение пристгнува во Црвен крст а ние имаме обврска да ги споиме еден корисник на услуга со еден неговател – додава Даути.

Проектот се реализира од страна на Црвен крст Струга со поддршка на Министертвото за труд и социјална политика и Светска банка. Финансиски средства се обезбедени за оваа година, но тенденција е проектот да продолжи се до изградбата на дом за стари лица.

 

 

Новинар-Соња Рилковска 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top