Наспроти измислицата искажана во постот, дека мукормикозата е поврзана со ПЦР тестирањето, не постои ниту еден извор којшто ги доведува во корелација оваа состојба и тестирањето за ковид-19. Но, бројни студии го испитуваат линкот меѓу мукормикозата и ковид-19, затоа што има случаи во светски рамки, од кои најголемиот дел во Индија, каде пост-ковид пациенти со ослабен имунолошки систем се напаѓани од оваа инфекција. Поради овие факти, како дезинформација го оценуваме тврдењето дека ПЦР тестот предизвикува мукормикоза.
Наспроти измислицата искажана во постот, дека мукормикозата е поврзана со ПЦР тестирањето, не постои ниту еден извор којшто ги доведува во корелација оваа состојба и тестирањето за ковид-19. Но, бројни студии го испитуваат линкот меѓу мукормикозата и ковид-19, затоа што има случаи во светски рамки, од кои најголемиот дел во Индија, каде пост-ковид пациенти со ослабен имунолошки систем се напаѓани од оваа инфекција. Поради овие факти, како дезинформација го оценуваме тврдењето дека ПЦР тестот предизвикува мукормикоза.
Рецензираме пост на Фејсбук во којшто се тврди дека ПЦР тестот се подготвувал со ,,габа од црна смрт”, односно мукормикоза, која, според авторот на постот, секогаш избивала на местото на тестот и се ширела над мозокот, носот, очите и така натаму.
Никогаш не дозволувајте вашите деца да бидат тестирани! Станете ригорозни за одбрана! Запознајте ги вашите убијци!, се наведува во постот.
Во склоп на објавата, има и три фотографии на кои, наводно, се прикажани пациенти кои ја развиле оваа состојба.
Меѓутоа, како што информира американскиот Центар за контрола и превенција на болести, мукормикоза е сериозна, но ретка габична инфекција, предизвикана не од ПЦР тест, туку од група на мувла со име мукормицети. Овие примероци живеат во целата околина.
Мукормикозата главно ги погодува луѓето кои имаат здравствени проблеми или земаат лекови кои ја намалуваат способноста на организмот да се бори против микробите и болестите. Најчесто влијае на синусите или белите дробови, по вдишување на габични спори од воздухот. Може да се појави и на кожата по расекотини, изгореници или друг вид повреди на кожата.
Каква е поврзаноста на мукормикозата и ПЦР тестот?
Никаква, односно не постојат никакви информации за таквата конекција. Мукомиркозата ги напаѓа луѓето со ослабен имунолошки систем и може да предизвика инфекција и на другите делови од телото.
Овие габи не се штетни за поголемиот број луѓе. Но, за оние со ослабен имунолошки систем може да предизвикаат инфекција во белите дробови или синусите и таа да се прошири во другите делови од телото, наведува Центарот за контрола и превенција на болести на САД, напоменувајќи дека не е заразна
Што значи не може да се прошири меѓу луѓе и животни.
Во Њу Делхи, во текот на пандемијата со коронавирусот, докторите пријавиле 12 пациенти од кои дел трајно го загубиле видот поради мукормикоза. Значи, причината за ова беше вирусот, а не ПЦР тестот, како што лажно се тврди во постот што го рецензираме. Пет од овие пациенти морале да бидат на интензивна нега поради компликации.
Лекарите од Индија изјавуваат дека мукомиркозата кај пациенти со ковид-19 е во стапка невидена досега, шокантна и алармантна. Хирургот Варун Раи, изјавил дека сомнежот за симтоми, како опструкција во носот, потечено око или образи и црни дамки кај носот, треба веднаш да алармираат на проверки и започнување на антифунгална терапија што порано.
Во извештај во „Times Now“ се опишуваат и случаите на пациенти од Њу Делхи, каде се наведува дека 32-годишен маж по ковид-19 хоспитализација бил отпуштен од болница по седумдневен престој. Но, му се појавила опструкција во левата ноздра, а после 2 дена имало и отоци на окото. Тој веднаш побарал медицинска нега и било дијагностицирано дека има мукормикоза. Кога бил донесен во болница, неговиот вид веќе почнал да слабее, бил дезориентиран и не ја чувствувал левата страна од лицето. Дијагностичкиот тест открил дека веќе му биле афектирани синусите, носот и вилицата и мозокот. Докторите во болницата успеале да му го спасат животот и најавено било негово отпуштање од болницата.
Исти случаи биле пријавени и во градовите Ахмедабад и Бенгалуру. Мукормикоза била пријавена кај петмина пациенти кои или имале коронавирус, или закрепнале од него непосредно пред развојот на инфекцијата.
Како што пишува „Би Би Си“, до март годинава, имало пријавено 41 случај на мукормикоза поврзана со ковид-19, во светски рамки. Од случаите, 70 проценти биле во Индија. Неодамнешен извештај за пациентите со ковид-19 кои имале мукормикоза, покажал дека 94 проценти од нив имале и дијабетес.
Наспроти измислицата пренесена во постот, дека оваа состојба е поврзана со ПЦР тестирањето, не постои ниту еден извор којшто во корелација ги доведува мукормикозата и тестирањето за ковид. Но, бројни студии го испитуваат линкот меѓу неа и ковид-19 болеста, затоа што има случаи во светски рамки, од кои најголемиот дел во Индија, каде пост-ковид пациенти со ослабен имунолошки систем, се напаѓани од оваа инфекција. Поради овие факти, како дезинформација го оценуваме тврдењето дека ПЦР тестот предизвикува мукормикоза.
Инаку, во последно време има застој во проширувањето на информациите поврзани со мукормикозата и ковид-19 кои доаѓаат од Индија, бидејќи индиската влада на крајот на мај донела одлука ниеден лекар да не смее да зборува за неа без дозвола од локалните власти.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град