Советниците денеска ја изгласаа оваа одлука, но со забелешка дека на Охрид му недостасува сообраќајна студија за режим на сообраќај за преку цела година.
Советниците денеска ја изгласаа оваа одлука, но со забелешка дека на Охрид му недостасува сообраќајна студија за режим на сообраќај за преку цела година.
Советниците ја изгласаа Предлог Одлуката за изменување на одлуката за организирање на режимот на сообраќај во општина Охрид. Градските избраници денес презентираа идеи за подобро организиран сообраќај во Охрид, но сепак на крај дадоа зелено светло за летниот режим на сообраќај, идентичен на оној од мината година.
Советничката од НСДП, Верица Хајба, не се согласува со моменталниот статус на сообраќајниот режим иако го прифаќа. Таа рече дака од наредна година мора да има нов модел горливиот проблем во Охрид.
„Подолг период се обидувам сообраќајниот режим во Охрид да биде резултат на научен стручан елаборат“, вели советникот Томислав Тунетев.
Дека се потребни измени на сообраќајниот режим свесни се и од локланата самоуправа. Од таму признаваат дека менувањето на сообраќајниот режим е само времено решение, но не и конкретно и она што е неопходно за градот е издржаната сообраќајна сообраќајна студија.
Инаку летниот режим на сообраќај ќе стартува на 01 јули. Со цел временото решение за сообраќај по одредени сообраќајници да биде поиздржано,се најавува и покунтинуирана сорботка со СВР.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град