Од Градската библиотека „Григор Прличев“ предлагаат уште осум нови книги и веруваат дека секоја засебно ќе има огромна читателска публика.
НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид континурано ја следи најновата издавачка продукција во земјава, ги купува и обработува најбараните дела од областа на белетристиката.
Оваа среда ви предлагаат уште осум нови книги и веруваат дека истите ќе имаат огромна читателска публика.
Оваа мини топ листа од книги на кое не е важно местото изгледа вака:
„Зулејха ги отвора очите“ и „Децата на Волга“ обете од Гузел Јахина и „Збогум“ од Ајше Кулин.
Следат: „Дабот се’ уште е тука“ од Софија Лундберј и „Пламен на страста“ од Хана Филдинг.
Не помалку интересни се и: „Модар накит“ од Катарина Винклер, „Бележникот на татко ми“ и „Куќата на џамијата“ од Кадир Абдулах .
И ова лето до 1 септември Библиотеката со читатели работи од 8 и 30 до 16 часот, а членарината за една година за возрасни е 300 а за деца 200 денари.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град