Охрид по трет пат домаќин на меѓународниот фестивалот „Разиграно оро“.
Свое присуство потврдиле фолклорни групи од Европа и светот со повеќе од илјада членови. Ова представува голем придонес во развојот на туризмот во Охрид.
„Разиграно оро“ маѓународен фестивал за фолклор по трет пат започнува на 25ти јуни и ќе трае до 29ти јуни. Свое присуство потврдиле фолклорни групи од целиот свет со повеќе од илјада членови. Охриѓани и посетителите во градот можат многу да очекуваат од понудата на фестивалот вели Павловски.
Ансамблот за народни песни и ора „Македонка“ од Охрид во соработка со локалната самоуправа по трет пат годинава овозможуваат одржување на фестивалот „Разиграно оро“ кој е домаќин на фолклорни групи од повеќе земји.
Ансамблот „Македонка“ постои веќе 3години и брои над 250членови од јуниори до сениори. Честопати се домаќини на групи од светот меѓутоа и гостуваат низ Балканот и пошироко.
Фестивалот како домаќин на повеќе од илјада гости е примат за развојот на туризмот во Охрид бидејки присутните сами го финансираат своето присуство вели директорот Павловски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град