Велат, дождот носи бериќет -ако во иднина продолжат обилните врнежи тогаш ништо од бериќетот, велат стручните лица.
Интензивните врнежи од дожд, не се добредојдени за граѓаните. Променливото време, освен што негативно влијае врз здравјето на луѓето, штети и на земјоделските култури. Обилните врнежи колку што се од корист толку се и на штета на земјоделските производи, предупредуваат стручните лица.
„Позитивно влијаат на културите на кои им се потребни поголеми количини вода , но кај другите, можат да предизвикаат бројни болести. Таков проблем се јавува кај лозјата и овошките“-вели Слаѓана Бебекоска-Калајџиеска од агенцијата за развој на земјоделство во Струга.
И еколозите се со слично мислење. Велат доколку обилните врнежи од дожд продолжат и во наредните денови, тогаш може да очекуваме било каква еколошка катастофа.
„Вакво време не е вообичаено за овој период од годината. Велат, дождопт носи бериќет, но ако и во иднина продолжат обилни врнежи тогаш сигурно нема да донесат бериќет“-вели Мате Гогоски од еколошко друштво „Енхалон“.
Додека стручните лица се загрижени за природата и земјоделските производи, граѓаните пак имаат друга мака. Велат доколку ваквото променливо време продолжи и во наредниот период, тогаш најверојатно нема да има ништо од летната сезона.
Според метеоролозите, врнежи од дожд се очекуваат и во наредните неколку дена. Сонце ќе видиме дури од следната недела.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град