Интернационалната уметничка колонија „ Дебрца“ го одбележува 25 годишниот јубилеј од нејзиното постоење.
Интернационалната уметничка колонија „ Дебрца“ го одбележува 25 годишниот јубилеј од нејзиното постоење.
Колонијата сместена во прекрасен објект и местоположба во селото Белчишта е вистински творечки рај за уметниците од дома и странство вели еден од учесниците , академски сликар Мето Ѓорѓиески од Скопје.
Ликовниот уметник и педагог Ацо Таневски учествува по втор пат на интернационалната ликовна колонија
„ Дебрца“.Тој по 8 години повторно се враќа на уметничката колонија и не го крие одушевувањето од од новите услови за творење.
Првиот човек на колонијата и нејзиниот неуморен творец, Ѓорѓи Целески е горд на она што со неговите помошници го создале во изминатите 25 години.
Почнавме срамежливо, но издржавме и постигнавме успех со подршка на нашите и светските сликари додава тој. Ликовниот уметник , Ѓорѓи Целески ги открива плановите на колонијата. Во текот на летото младите уметници тука бесплатно можат да бидат подучувани од уметници во сите сликарски техники. Целски ги повикува туристичките агенции на туристите да им ја откријат Галерија и да им го промовираат неповторливиот природен амбиент, како една од бројните туристички понуди на Охридскиот регион.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град