Охридските плажи се потполнo безбедни за капачите, вели капетанот од Охридската капетнија.
Закупците на плажите веќе потпишале договори со црвениот крст за ангажирање на спасители, кои годинава ќе ги има во доволен број на капалиштата.
„Охридските капалишта се безбедни. Тие ги исполнуваат условите за сигурност за капачите согласно,законските правила и прописи“, вели капетанот од Охридската капетанија.
Црвениот крст неодамна го претстави тимот спасувачи кој годинава будно ќе ги надгледува Охридските плажи.Тимот е екипиран и со луѓе и со медицинска опрема.
Секоја година расте бројот на заинтереираните кандидати за спасители. Од неколку во 2004 год, сега тимот брои преку 130 членови. Спасителите од единицата за безбедност на вода се обучени според меѓународни стандарди и критериуми, вели претседателот на ОО на Црвениот крст, сашо точков.
Според законските норми 660 метри квадратни обележана водена површина треба да има 1 спасител, до 1500 метри квадратни 2 спасители и се така пропорционално нагоре. Инаку според статистиката на ОО на Црвениот крст единицата за безбедност на вода интервенирала многу пати. Минатата година од класично давење, спасителите , спасиле 11 луѓе, од кои 4 деца, а од 2004 год до денес биле извлечени околу 30 давеници.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град