Традиционално, како и секоја година во манастирот Св. Недела во Оровник на 19-ти јули ќе се одржи богослужба, а веднаш потоа организирана е богата музичка програма.
Традицијата продолжува, повторно и оваа година, по повод празникот Св.Недела во с.Оровник на ден 19-ти јули во понеделник со почеток во 20 часот ќе се одржи богослужба во црквата Св.Недела, а веднаш потоа следува голема културно уметничка програма со еден од најпознатите македонски пејачи Ѓоко Јовиќ, познатиот зурлаџија Џељо Дестановски, а придружувани од извонредните момци од Енерџи бенд.
За сите верници кои сакаат да присуствуваат ќе има бесплатен превоз до манастирот со поаѓање од пред маркетот Тамаро Охрид кај постојката од 19 часот, телефон за контакт 076/574-661.
Бидете дел од оваа традиционална прослава на 19ти јули во 20 часот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град