Јабланица да биде прогласена за Национален парк, во спротивно еколошките друштва од Лабуништа сами ќе го заштитат подрачјето каде со години се врши неконтролирана сеча и масакр врз шумите. По апелите на активистите деновиве во атарот на Лабуништа инспекторите од Институтот за шумарство вршеа увид и донесоа времена забрана за дрвосеча.
За поголема заштита на природното богатство, еколозите бараат Јабланица да се прогласи за Национален парк. Доколку државата не го направи тоа час поскоро, еколошките друштва во Лабуништа најавија дека сами ќе го заштитат подрачјето, каде со години се врши масакр врз шумите. Иницијативата за прогласување на Јабланица за национален парк потекнува од 2007 година, но постапката за валоризација на природните вредности сеуште не е завршена.
–Во случај да се нема слух за прогласување на НП ние као еколошко друштво ќе поднесеме барање за нашиот реон да си стане заштитена зона, односно ние ќе ја преземеме целата одговорност лабунишкиот дел под Јабланица за заштитена зона.-вели Алим Салоски претседател на „Натуралаб“ од Лабуништа.
После апелите на еколозите за пустошењето на шумите на Јабланица, инспекторите од Институтот за шумарство деновиве вршеа увид во атарот на Лабуништа и донесоа времена забрана за дрвосеча. Активистите бараат и шумската и граничната полиција да излезе на терен и да ги казнува дивосечачите.
–Ако работи шумската полиција на терен нема да се прави вакво зло на Јабланица, особено во Лабуништа. А дрвокрадците тие се лабуништани работат страшно, а шумската не реагира на тие кражби.-вели „Едис Мемишоски активист од Здружението „Натуралаб“. Албанската страна од планината Јабланица е национален парк уште од 2008 година, во земјава има иницијатива од страна на невладиниот сектор, МЗ и градоначалниците на Струга и Вевчани од 2007 година. Со прогласувањето на Јабланица за НП од македoнска страна ќе се подигне нивото на заштита, ќе бидат забранети градежни потфати, експлоатација на природните ресурси и менување на теренот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град