Во Струга на 9-ти јули кај едно лице се пронајдени 139 семки од Канабис сатива, четири стебла, две метални дробилки и уште неколку предмети со остатоци од марихуана. Кај лице од Скопје, во автомобил истиот ден е пронајден кокаин.
На 09.07.2021 година, врз основа на судска наредба, полициски службеници од ОВР Струга извршија претрес во домот на К.П.(47) од Струга, заради основано сомнение за кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” , предвидено во чл. 215 од Кривичниот законик.
-Притоа, при претресот во домот на К.П пронајдени и одземени се 139 семки од растението Канабис сатива, четири стебла, две метални дробилки и други предмети со остатоци од марихуана. К.П. е лишен од слобода, предметите се одземени а по целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.-информираат од СВР Охрид.
Истиот ден во 21.15 часот, при контрола извршена на улицата „Владо Малески” во Струга, полициски службеници од ОВР Струга во паркиран патнички автомобил кај лицето С.Ј. (30) од Скопје, пронајдоа кеса со кокаин.
-Истата е одземена и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.-се вели во соопштението.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град