Реката Црн Дрим од синоќа блеска во повеќе бои. Поставено е подводно осветлување од двете страни на коритото. Проектот кој чини 110 илјади евра предизвика реакции кај еколозите и јавноста.
Реката Црн Дрим блесна во неколку бои, коритото од синоќа се прелева во сина, црвена, зелена и виолетова боја. Проектот вклучува инсталацијана арматура изработена од не’рѓосувачки челик. Светилки се поставени од двете страни на коритото во должина од 1800 метри.
Според градоначалникот Мерко, Дрим е нова туристичка атракција.
-Заслужува Дрим да биде осветлен ноќе бидејќи тука доаѓаат гости, а тука сме и ние стружани кои се гордееме со езерото, посебно реката Црн Дрим која врви низ Струга, вели Рамиз Мерко градоналник на општина Струга.
Екологистите со експресна реакција. Обвинуваат дека осветлувањето ќе има штетни последици врз животинскиот и растителниот свет во реката.
-Осветлувањето на речните води, го менува ритамот на живиот свет, се губи чувството на ден и ноќ, го менува циклусот на раст наводните алги. Светлината воедно го нарушува животот на рибите особено чуството за ориентација, комуникација и раст.-пишуваат екологистите.
–Мислам дека нема место за критики од страна на еколозите бидејќи осветлувањето не уништува флора и фауна. Наспроти уште подобро ќе изгледа како аквариум и ќе биде добро за око за сите нас и гостите кои се во Струга.– додава Мерко.
Проектот предизвика реакции и во јавноста. Граѓаните се загрижени за безбедноста на капачите. Градоначалникот уверува дека осветлувањето е потполно безбедно, станува збор за ниско напонска струја од 12 волти.
Подводното осветлување на Дрим чини 110 илјади евра.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град